Врз основа на предходно изготвен план, СВР Куманово во содејство со Државниот пазарен инспекторат и мобилната царинска единица изврши контрола на девет авто-отпади лоцирани на подрачјето на Куманово.
При спроведената акциска контрола во шест авто-отпади се констатирани неправилности во работењето и тоа по основ на прекршоци согласно Закон за трговија и поради непоседување на соодветна документација за возилата. Во два случаи авто-отпади не биле регистрирани за вршење дејност, односно не биле регистрирани во Централниот регистер.
Притоа од страна на ДПИ се издадени платни налози и покани за наплата на глоба во вкупен износ од 12.000 евра, како и едно решение за забрана на вршење на дејност во траење од 30 дена, при што од сопствениците со потврди за привремено одземени предмети се одземени вкупно 82 ПМВ и 52 регистерски таблички издадени од Р.Македонија, кои ке бидат предмет на понатамошна работа за што ке следат соодветни поднесоци согласно констатираните негативности.