Продолжува проектот „Безбедни училишта – Хармонична средина“

Во просториите на Општина Охрид се одржа работен состанок на претставници од Секторот за образование, одделението за превенција – СВР Охрид и средните и основни училишта, кои учествуваат во имплеметација на проектот „Безбедни училишта – Хармонична средина“.

Проектот се реализира веќе неколку години и интензивно се работи на зголемување на безбедноста во училиштата и едукација на младите за ненасилна комуникација. На состанокот беа разменети досегашните искуства од реализација на проектот и беа идентификувани проблемите со кои се соочуваат тимовите за безбедни училишта во обезбедување на одржливост на проектот. Воедно беа донесени заклучоци, со определување на идни активности што ќе придонесат за подобра комуникација помеѓу тимовите, родителите, учениците и наставниците.

Од оваа година, во проектот се вклучени и ОУ „Братство Единство“ и ОУ „Кочо Рацин“.

Bezbedni_ucilista_23_4852