Мониторинг мисија на информатичките системи на Царинската Управа

Во периодот од 23 до 27 март 2015 година, во Скопје се одржа Мониторинг мисија на Информатичките системи на Царинската управа и Управата за јавни приходи. Главна цел на мисијата беше да се оценат условите и напредокот на Република Македонија во оваа област т.е. интерконективноста и интерконектиблиноста со европските информатички системи.

На 25 март 2015 година, се одржа состанок во Царинската управа, на кој присуствуваа експерти во областа на ИТ од Европската комисија – DG TAXUD (Генералниот директорат за царина и оданочување) и претставник на Делегацијата на Европска унија во Република Македонија. Во рамки на состанокот беше разгледан статусот на имплементација на ИТ Стратегијата на Царинската управа и нејзината поврзаност со Стратешкиот план на Царинската управа, статусот на имплементација на Европската стратегија за интероперабилност и интерконективност и нејзината поврзаност со Стратешкиот план на Царинската управа, како и меѓународната соработка во областа на ИТ системите.

Воедно, во рамки на мониторинг мисијата на ИТ системите, на 26 март 2015 година, се одржа и обука за примената на ITIL методологијата (библиотека за инфраструктура за ИТ) за стекнување на неопходни знаења и вештини потребни за успешно планирање, имплементација, управување и решавање на проблемите во ИТ поддршката, на околу 30 учесници од Царинската управа и Управата за јавни приходи.

DSC07479