Градоначалникот Бакрачески после посетата на поголем број месни заедници, од денес започнува средби со жителите од урбаните заедници. Денес со почеток во 17часот ќе оствари средба со жителите на УЗ Центар. Средбата ќе се оствари во голема сала на општина Охрид.
На средбата покрај соработниците на градоначалникот ќе бидат присутни и директорите на Јавните претпријатија. Целта на средбата е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие жители и можностите за нивно побрзо решавање.