Тања Стојановска од Охрид, која е студентка на Медицинскиот факултет и стипендист на Универзитетот во Бафало, најголем државен универзитет во државата Њујорк, забележа 4 победи на сите мечеви кои ги играше нејзиниот Универзитет во нивната MAC (Mid-American Conference), настапувајќи на првата позиција. Тоа придонесе да биде прогласена за спортист на неделата од MAC Конференцијата, во сите 11 женски спортови.
Иако е студентка на прва година, Тања Стојановска за кратко време се избори да игра на првата позиција за својот Универзитет, и постигна забележителни резултати на тениските турнири и мечеви во Конференцијата.