Утре акција за подигнување зелен отпад УЗ1 „Стар Град“

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид од месец април започнува со пролетниот циклус на акции за подигнување кабаст и зелен отпад.

„Месец април е резервиран за акциите за подгинување зелен отпад, а во мај и јуни ќе се подига кабаст отпад. Динамиката на подигнување е дефинирана во годишниот календар за работа за 2015 год. и вообичаено акциите ќе се реализираат во саботите во различни делови од градот.“- информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

ЈП „Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утрен (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.1. „Стар Град“.

„Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.“– додаваат од претпријатието.