Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 6-ти април, понеделник, во 10.00 часот, ќе се обрати на официјалното отворање на настанот „Контакт 2015“ кој има за цел да ги поврзе работодавците со студентите, преку овозможување директна промоција на компаниите, како и претставување на искуството и знаењата на студентите.
Настанот ќе се одржи во амфитеатарот на ФИНКИ (простории на Технолошко-металуршки факултет).