На 7 април ширум светот се празнува Светскиот ден на здравјето. Светската здравствена организација (СЗО) во 1948 година на своето прво собрание одлучи 7 април да биде прогласен за Светски ден на здравјето, а од 1950 година овој ден се одбележува секоја година со што се одбележува и денот на основањето на Светската Здравствена Организација.
Светската Здравствена Организација, СЗО (World Health Organization, WHO) е посебна организација на Обединетите нации која делува како кординативно тело на меѓународното јавно здравство. Седиштето на СЗО е во Женева, Швајцарија. СЗО ја основале Обединетите нации, на 7 април 1948 година. СЗО е наследник на Здравствената организација (Health Organization), агенција на Лигата на нациите.
СЗО секоја година избира клучен глобален здравствен проблем и на овој ден (7–ми април) организира меѓународни, регионални и локални манифестации. Светскиот ден на здравјето, е една од најдобрите прилики да се зголеми свеста за глобалните здравствени приоритети.
Светската Здравствена Организација се грижи за здравјето на човекот и со своите бројни активности ја подига свеста на човекот да се грижи за своето здравје.