Бензинот со иста цена, дизелот се точи по намалена

Од полноќ за половина денар поевтино се точи дизелот, додека бензините остануваат непроменети. Ова е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.5% – а тоа значи дека малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 остануваат исти – и еден литар од овие горива ќе се продава по цена од 67.50, односно 69.50 денари. Единствено се намалува цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото, но за само 0.50 денари, и еден литар од ова гориво ќе чини 53.00 денари.