По неодамна одржаната средба со жителите на УЗ „Воска“, на која градоначалникот Никола Бакрачески вети дека скоро ќе почнат градежни активности за реализација на фекална канализација во населба „Даљан“, денес да се реализира. На потегот покрај отворениот канал на ул. Сатеска, започна изградбата на фекална канализација во должина од 160 метри со цевки Ф/200, што ќе значи поврзување на околните куќи во системот на отпадните води, а тоа ќе придонесе во подобрувањето на животната средина и заштита на биодиверзитетот на Охридското езеро.