Директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа, денес одржа прес-конференција, на која даде отчет за сработеното во изминативе две години.
„Оваа прес конференција е свикана со цел исполнување на нашата обврска за одговорно, транспарентно и отчетно работење. Пред две години, она што беше затекнато како исклучително тешка финансиска состојба и стар возен парк беше и предизвикува тешка задача за да се вложат напори за консолидирање на состојбата, а претпријатието да застане на здрава основа од каде ќе може да се напредува кон поуспешно работење и проширување на матерјалната основа со можност за нови инвестициони вложувања.“- истакна Скрческа.
Како што кажа директорката, во текот на овие две години значително подобрени се перформансите во сите аспекти од работењето на претпријатието.
„Подобрена е профитабилноста – искажана преку добивката во 2013 година – 797.000,оо денари и во 2014 година – 955.000,оо денари; намалена задолженоста на претпријатието: исплатене кредит во Охридска Банка, затезна камата 4.347.296,оо денари, главен долг 3.697.418,оо денари, редовна камата 1.014.998,оо денари, по амортизационен план, исплатени обврски кон добавува~ите во износ од 79.765.126,оо денари од кои : во 2013 година – 38.593.939,оо денари а во 2014 година – 41.171.187,оо денари; исплатени обврски по извршни судски решенија во износ од 11.763.150,оо денари од кои за камата 3.527.154 и главен долг и трошоци во попстапката 8.236.000 денари, исплатена една заостаната плата во износ од 5.250.414 денари во 2014 година. Во овој двегодишен период континуирано се врши редовно и навремено подмирување на сите доспеани обврски што влијаеше да се врати довербата кај нашите добавувачи и значително да се намалат трошоците за затезни камати и извршни судски решенија.“- рече Скрческа.
Таа додаде дека континуирано се обрнува внимание и на намалување на непродуктивните трошоци – репрезентација, телефонски услуги, реклама и пропаганда.
„Како пример може да се земе репрезентацијата во 2012 година – 617.000 денари; 2013 година – 214.000 денари од кои само во првите три месеци 145.000 денари и во 2014 година – 73.000 денари. По истиот принцип се постапува и со сите останати непродуктивни трошоци и нивно сведување на минимално неопходно ниво. На овој начин се придонесува кон поекономично и поефикасно работење и насочување на ресурсите кон попродуктивни цели.“– рече Скрческа.
Што се однесува до оперативниот дел од работењето на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид, Скрческа истакна дека зголемен е физичкиот обем на подигање на смет, во сите села наместо еднаш во неделата се подига два пати, а во центарот на градот наместо два пати во денот се подига три пати во денот во летниот период и во сите продолжени викенди.
„Во текот на 2013 година поставивме 100 плехани контејнери а во 2014 година поставивме 200 пластични контејнери со цел хигиената да е на повисоко ниво. Со помош на Локалната самоуправа преку Светска Банка и Министерството за финансии ќе се набават пет нови возила за подигање на смет и одржување на јавната хигиена.
За намалување на отпадот во Депонијата Буково вршиме селекција на хартија и пластика, а од оваа сезона и на стакло. Имаме соработка со југозападниот плански регион преку кого добивме 75 канти за ситен отпад и една балирка за хартија и пластика. Учествувавме во Проектот за меѓународна соработка со Албанија“. Од Отпад до кеш“ преку кој проект од европски фондови добивме 40 контејнери за селекција на пластика и една балирка. Во тек е постапка за набавка на две возила за смет од 16м3 и два поѕемни контејнери преку Словенечката влада со наше учество од 50 % од вредноста на инвестицијата. Ги заменивме сите најлонски ќеси за ситен отпад со дрвени и плехани канти со што се подобри нивната функционалност и естетски излгед.“– истакна Скрческа.
Покрај редовното одржување на Градското зеленило во овој период оплеменети се нови површини во центарот на градот и приградските населби.
„Ќе ги спомнам: хортикултурното уредување на ул. „Железничка”; замена на дрворедот на ул. „Партизанска”; хортикултурно уредување на малиот Плоштад, хортикултурно уредување на зелен појас на кејот во с.Пештани; Плоштад Рача, – Уреден е влезот на градот и други мали делови низ градот; Значително е подобрен и проширен асортиманот на расадничкото производство и обновен е машинскиот дел во зеленилото.“- додаде Скрческа.
Директорката рече дека со помош на организираниот и проактивен пристап во вршењето на работата, успешна соработка и поддршка од Локалната самоуправа како и директна вклученост на сите вработени во претпријатието, придонесуваат кон успешно остварување на поставените приоритети, пред се, чист и уреден град, граѓани кои ќе бидат задоволни од услугите, одржување добри деловни односи со коминтентите, унапредување на ликвидноста и финансиското работење.
WebOhrid