Авион на „Туркиш ерлајнз“ кој летал до Милано бил принуден да слета на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул набрзо по полетувањето бидејќи се запалил еден од моторите.
Сите патници и членови на екипажот итно се евакуирани по принудното слетување. Нема информации за повредени лица.
Претставници на „Туркиш ерлајнз“ се уште не гоо коментирале инцидентот.
Извор: Нет Прес