Американската лесна нафта за испорака во јуни поевтини на 57,14 центи додека нафтата од типот Брент на берзата во Лондон, која ја увезуваат трговците во Македонија поскапи на 65,29 долари за барел, пишува „Франс Прес“, пренесува Прес24.
Главна причина за се повисоката цена на енергенсот се судирите во Јемен.
Анализата вели дека само во последните месец дена нафтата е поскапи за 28% на светските берзи а кај нас во Македонија литар гориво се продава за 3 до 4 денари повеќе.
Експертите велат дека во наредните година до две, цената на суровата нафта веројатно нема да се врати до нивото од 100 долари за барел, но цена од околу 75 долари е реално да се очекува.
Во моментов цената од 65 долари за барел е значително повисока од онаа од 57,7 долари врз основа на која се формираше малопродажната цена минатиот понеделник.
Доколку нема сериозни трубуленции на пазарот, за очекување е дека од понеделник ќе возиме за околу 3 до 4 денари поскапо гориво по литар.
Во пресрет на летните одмори кога најмногу трошиме гориво поради патувањата, експертите не ја исклучуваат можноста, нафтата да биде поскапа и за 7 до 8 денари од цената која ја плаќаме денеска.
Минатиот понеделник сите горива поскапеа за 1,5 денари по литар. Во моментов на бензинските пумпи низ Македонија литар ЕУРОСУПЕР 95 се точи за 69 денари за литар, два денар поскап е 98 октанскиот ЕУРОСУПЕР а дизелот се продава по цена од 5,5 денари по литар.
Извор: Нет Прес