Охрид добитник на специјалната награда за млади готварски таленти

Факултетот за туризам и угостителство и Женскиот центар „Бисера“, поддржани од Општина Охрид, ја освоија специјалната награда за млади готварски таленти -спој на традиционално и модерно, на натпреварот за најубава македонска традиционална трпеза што минатиов викенд се одржа во Битола.

Целта на случувањето беше промоција на македонските традиционални вредности.

Тричлената жири комисија составена од лиценцираните судии, Љупчо Гиевски, Миле Неделковски и Марк Де Јонг, одлучија токму Охрид да ја понесе наградата за трпеза којашто претставуваше спој на традиционалната охридска трпеза со модерно послужување.

Дел од учесниците на натпреварот, носеа традиционални носии од охридското поднебје, служеа традиционални јадења од богатата охридска кујна како и вода од Билјанини извори,вино кое се произведува во Охридскиот регион и чај кој расте на планината Галичица.

Организатори на настанот беа Организацијата на жени на град Битола и ТВ емисијата „Вкусот на традицијата“.

Ohridska_trpeza_24_04_4852