Викендов на стрелиштето во гимназијата Раде Јовчески- Корчагин во Скопје се одржа вториот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма на кој учествуваа околу 30-тина стрелци.
Еве го и пласманот на Стрелачкиот клуб од Охрид:
Во категорија сениори прво место за Михаил Шишкоски со резултат од 587,9 кругови. Во категорија јуниори прво место за Мартин Гоџоски со резултат од 574,6 кругови.
Кај јуниорките Јана Маркоска се пласира на четвртата позиција со резултат од 384,2 круга, додека пак младата јуниорка Мартина Петровска на која ова и е втор настап се пласира на петтата позиција со резултат од 376,7 кругови.
На овoј Куп свој дебитантски настап имаше и младиот Иво Илинчев кој постигна резултат од 513,8 кругови.
Од технички причини по речиси месец и половина задоцнување објавени се и резултатите од првиот Куп во Штип одржан на 14-ти март, велат од СК Охрид.
Еве го и пласманот:
Во категорија на сениори прво место за Михаил Шишкоски со резултат од 602,2 кругови. Во категорија на јуниори второ место за Мартин Гоџоски со резултат од 575,9 кругови.
Кај јуниорките Ангела Алексовска беше третопласирана со солиден резултат од 399,6 кругови, со кој заостана зад првопласираната Ана Иваноска за 2,9 кругови, односно за 1,7 од второпласираната Нина Балабан. Јана Маркоска се пласира на четвртата позиција со резултат од 388,3 додека пак Мартина Петровска за која ова беше дебитантски настап се пласира на шестата позиција со резултат од 365,9 кругови.