Продолжениот празничен викенд и убавото време одново го исполнија Охрид и веќе се чувствува мирисот на бројните туристи. Охридските хотели и приватното сместување се речиси целосно исполнети.
Најбројни, како и обично, покрај нашите викендаши , секако се гостите од нашето соседство: Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Босна и Бугарија. Покрај убавото време и охридската пролетна клима, туристите имаат можност да уживаат во убавините на градот, по охридските кафетерии, ресторани и хотели, во стариот град и долж крајбрежието, во познатите излетнички места, како и на плажите и секако во топлото и познато охридско гостопримство.
WebOhrid