Вчера околу 15:00 часот во село Велешта-струшко Л.Н.(27) откако со возило му го поречил патот на А.И.(21), го нападнал со нож при што му нанел тешка телесна повреда во пределот на ногата по што го напуштил местото на настанот. Повредениот е пренесен во Медицинскиот Центар во Струга за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.