Светскиот ден на слободата на печатот е прогласен од страна на Генералното собрание на ОН во декември 1993 година, по препорака на Генералната конференција на УНЕСКО. Тоа е можност да се прослават основните принципи на слободата на печатот, да се процени состојбата со слободата на медиумите во светот, да се одбранат медиумите од нападите врз нивната независност, како и да им се оддаде почит на новинарите кои ги загубија своите животи во вршење на службената должност.
УНЕСКО оваа година се фокусира на три теми за Светскиот ден на слободата на печатот:
- Потребата од „квалитетно новинарство“ – известување кое е точно и независно;
- Половата нерамнотежа, поради малиот број жени кои се на одговорни позиции во медиумите; и
- Дигиталната безбедност, поради потешкотиите кои ги имаат новинарите при дигиталната комуникација, односно нивната заштитата и заштитата на нивните извори.