По повод одбележувањето на 112 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, делегација на СДСМ оддаде признание и почит на големото дело на апостолот на македонската борба за слобода, самостојност и државност.
Партиска делегација на СДСМ во состав, Фросина Ременски-потпретседателка, Тања Ковачев-членка на Извршниот одбор и Пеце Мирчески-член на Извршниот одбор на партијата, положија свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ во Скопје.