Една девојка се обидела да прошверцува осумгодишно дете. Таа го сокрила во куфер и од Мароко го однела до областа во Северна Африка која е под контрола на Шпанија.
Полицијата го пронашла детето при контрола на куферот низ скенер. Тие забележале нешто чудно, а кога го отвориле куферот го забележале момчето кое било во критична состојба.
Жената која го носела куферот е уапсена, а исто така и таткото на детето кој неколку часа подоцна се обидел да ја премине границата.