Во организација на Црвен крст Охрид и Извидничкиот одред „Пионер“ денес се одржа хуманитарен натпревар „КОМПАС” под мотото „Истражи го Охрид“.
На натпреварот учествуваа преку 100 ученици од основните училишта во Охрид, организирани во 20 екипи. Тие се натпреваруваа во брзина и снаодливост да се поминат на пронаоѓање на 18 пунктови, поставени на значајни места-знаменитости или институции низ Охрид, каде од волонтерите на Црвен крст Охрид и Извидничкиот одред „Пионер“ добиваа нова загатка и едукативни информации за знаменитоста или институцијата.
„Најбрза и најснаодлива беше екипата 5 Исток од ОУ „Братство-Единство“ која се закити со пехар и ваучер за учество на извиднички летен камп, а дипломи за второ и трето место добија екипите 5 Југ од ОУ „Св.Наум Охридски“ и 3 Север од ОУ „Христо Узунов“. Средствата собрани од партиципативното учество на секој ученик во овој натпревар ке бидат наменети за семејството на самохраниот родител Рамадан со неговите две деца. Изразуваме благодарност до учениците за нивното учество и до училиштата за поддршката.“ – велат од Црвен Крст Охрид.