По завршување на обдукцијата на починатите членови на терористичката група Министерството за внатрешни работи преку Одделот за меѓународна полициска соработка односно Бирото на ИНТЕРПОЛ-Скопје отпочна со процедурата на потврдување на идентитетот на лицата. Досега позитивно е потвден идентитетот на Мирсад Ндрецај роден 17.06.1979 од Косово таканаречен командант НАТО за кој постоеја сомненија дека е еден од лидерите на терористичката група. Пристигна позитивна потврда и на идентитетот на Бег Ризај роден 25.12.1977 од Косово познат како командатнт Бегу. Од починатите потврден и идентитетот на Нусрет Каљоши роден 18.04.1975 македонски државјанин.
Освен нив преку ИНТЕРПОЛ потврден е и идентитетот на Сами Укшини 10.10.1967 од Косово познат како Командант Соколи. Лице кое се предаде на полицијата.
Продолжува процесот на идентификација и на останатите.