Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, е добитник на 57. Меѓународна награда „Карло Велики“, која се доделува секоја година како признание за работата во служба на европското обединување.
Одборот на директори на наградата го претстави првиот европарламентарец како „исклучителен ментор на обединета Европа, кој се има стекнато со важни и трајни вредности за неговите напори кон зајакнувањето на парламентот, парламентаризмот и демократската легитимност во ЕУ“.
Мартин Шулц, кој е роден 1955 година, ја доби функцијата прв човек на Европарламентот во 2012 година, а две години подоцна станува првиот реизбран претседател на оваа институција. Во својот живот овој германски социјалдемократ, има работено како книжар, општински советник, но и најмлад градоначалник на Северна Рајна Вестфалија, на своја 31-годишна возраст. Од 1996 година е член на европскиот законодавен дом.
Наградата „Карло Велики“ за поединец е најстарата и најпозната награда доделена за работа во служба на европското обединување.
На денешната церемонија на доделување во Ахен ќе присуствуваат осум шефови на држави, како и многу други поранешни лауреати.