„Ден на идеи“ во Охрид

Како дел од отчетното, транспарентно и одговорно работење на градоначалникот Никола Бакрачески, а во рамки на своите заложби за активна партиципација на граѓаните во процесот на креирање на политики, општина Охрид на 27-ми мај ( среда ) на плоштадот „Св. Климент Охридски“ организира „Ден на идеи“.

Директори од охридските јавни претпријатија, раководители на сектори и одделенија и стручни лица од службите на општина Охрид , непосредно ќе контактираат со охриѓани кои ќе имаат можност да даваат свои идеи, предлози или сугестии, а со тоа директно ќе учествуваат и ќе имаат придонес во успешното работење на општина Охрид.

Целта на случувањето е да се постигне кохезија, соработка меѓу охриѓани и Локалната власт, да се направи синергија на идеите кои ги имаат граѓаните во насока на креирање на определени проекти и политики.

Настанот е предвидено да се одржува во период 10 часот наутро до 18 часот попладне.