Не престануваат да се нижат успесите. Високо горе на пиедесталот е местото каде што учениците веќе се навикнаа на наградите да им сјае златниот медал, а пред нив пехарот златен. Приматот од фудбалскиот куп „Coca-Cola“ повторно во рацете на учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“.
Стадионот на Работнички во Градскиот парк во Скопје денес беше домаќин на големото фудбалско финале на „Coca-Cola“ Купот во организација на АД „Пивара“ – Скопје , Coca-Cola и Отворени забавни фудбалски школи во соработка со основните и средните училишта и општините. Момчиња и девојчиња од 12 до 16 години од цела Македонија, пред бројната публика и своите навивачи, ги одмерија фудбалските сили во финалните натпревари.
„Во полуфиналето учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, се сретнаа со екипата од Кавадарци и беа подобри со резултат 7:4, додека во борбата за првото место играа против екипата од Кратово и со резлутат од 9:4 го освоија првото место на турнирот, со што станаа неприкосновена екипа на турнирите во мал фудбал. Треба да се спомене дека на натпреварите во составот на екипата имаше и девојчиња.“ – велат од училиштето.
Целта на фубалскиот куп „Coca-Cola“ веќе четврта година е создавање здрави животни навики кај младите преку практикување физичка активност исполнета со дружење и забава. Доминацијата на охриѓани ја потврдија и учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“, којшто во категоријата основни училишта го освоија второто место.
„Coca-Cola“ фубалскиот куп е пример на добра практика на поврзување на бизнисот, граѓанскиот сектор, локалната управа и образованието.
„Спортскиот терен беше исполнет со црвените „Coca-Cola“ маички на играчите кои неуморни и полни со ентузијазам спортуваат и се забавуваат играјќи фудбал. „Coca-Cola“ фудбалскиот куп ги инспирира и ги поттикнува младите. Им покажува дека фудбалот е игра преку која учат да бидат физички активни и да ја споделуваат својата страст со пријателите и семејството. Купот е одличен начин како децата да научат дека физичките и спортските активности се неопходни за здрав живот исполнет со енергија.“ – додаваат од училиштето.