На светскиот ден на екологијата 5-ти јуни во 18:00, во просториите на Центарот на Култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе се промовира книгата „Битка за спас на охридската ендемична пастрмка од нејзино истребување“ од охридскиот екологист Лазо Наумоски.
Содржински книгата обработува 5 поглавја, од стручен, научен и еколошки аспект за охридската ендемична пастрмка, Salmo letnica Karaman.
• Генералии за авторот на книгата и иницијатор за мониторинг на риболовот на Охридското езеро во периодот 2004-2014 год.
• Состојбата на рибниот фонд на Охридското езеро, пред да се воведат високите пловечи мрежи како риболовен алат во далечната 1986-87 год., со посебен акцент на охридската ендемична пастрмка.
• Вистината за истребување на охридската ендемична пастрмка од водите на Охридското езеро.
• Битка за спас на охридската ендемична пастрмка од нејзиното истребување.
• Отворање нов правец во искористувањето на економските потенцијали на салмонидните риби од охридското езеро, со посебен акцент на охридската ендемична пастрмка.
Книгата е испечатена во колор верзија со преку 30 слики и илустрации. На денот на промоцијата секој посетител ќе може книгата да ја купи по симболична цена од 300 ден.