Под мотото „Размисли предходно, дејствувај заедно“, на 7 и 8 јуни, во германска Баварија, јужно од Минхен, ќе се одржи 41. Самит на Г-7, за улогата и активностите на Европската унија.
ЕУ, како полноправна членка на Групата од седум нации (Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија, САД), ќе биде претставена од страна на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Во фокусот на разговорите, како што е утврдено од страна на Германското претседателство, ќе бидат: глобалната економија, трговијата, надворешните работи, безбедноста и прашања поврзани со здравјето и развојот.
Лидерите, исто така, ќе дискутираат меѓународните климатски промени и одржливиот развој. Други важни прашања коишто ќе се најдат на дневен ред се: заштита на морската животна средина и ефикасноста на ресурсите; отпорноста на антибиотици, запоставени и болести поврзани со сиромаштијата и Ебола; зајакнување на позицијата на самовработените жени и жените во стручна обука, и др.
Традиционално, на Самитот, се поканети да учествуваат и голем број на лидери на држави и влади од трети земји, како и претседатели на меѓународни организации.
Г-7, како важен формат за политичка и економска соработка меѓу водечките индустриски земји, претставува форум за дискусија, каде што лидерите преземаат обврски за да се постигнат заеднички цели и да се одговори на глобалните предизвици.