Океаните се срцето на нашата планета. Како што срцето пумпа крв во секој дел од телото, океаните ги поврзуваат луѓето од целата Земјата, без разлика каде живееме. Океаните ја регулираат климата, хранат милиони луѓе секоја година, произведуваат кислород, се дом на неверојатен спектар на флора и фауна, ни обезбедуваат важни лекови, и многу, многу повеќе! Со цел да се осигура здравјето и безбедноста на нашите заедници и идните генерации, императив претставува ние да ја преземеме одговорноста да се грижиме за океаните како што тие се грижат за нас.
Оваа година, темата е „Здрави океани, здрава планета“. За жал, човечките притисоци, вклучувајќи ја прекумерната експлоатација, нелегален, непријавен и нерегулиран риболов, деструктивен риболов, како и практики на неодржлива аквакултура, загадување на морињата, уништувањето на природните живеалишта и видови, климатските промени и киселоста на океаните прават огромна штета за океаните и морињата во светот.