Во текот на минатиот месец припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – Алфа при вршење на редовна мотопатролна дејност вкупно извршиле легитимирање на 451 лице, потоа преглед на 72 ПМВ, извршен преглед на 12 лица, а по разни основи биле приведени вкупно 145 лица.
По основ на телеграма приведени се 32 лица, по Потрага, Гласник или Наредба од Основен суд – 8 лица, под сомнение за извршено кривично дело – 18 лица, по извршено кривично дело – 11, на лице место во вршење на кривично дело биле приведени две лица, за издржување на казна затвор – едно лице, за утврдување на идентитет – три лица и за недозволени предмети приведено е едно лице;
Вкупно приведени лица по ЈРМ – 23
– за учество во тепачка – 13 лица
– за физички напад – две лица
– за карање или викање – четири лица
– за останати прекршоци – четири лица
За напад на службено лице чл.383 од КЗ на РМ – четири лица
Вкупно приведени лица со оружје – осум
– со сигнален пиштол – шест лица
– со пиштол – едно лице
Вкупно приведени лица за поседување опојни дроги – 12
– со НН тревкаста материја – шест лица
– со НН прашкаста материја – пет лица
– со НН течност – едно лице
Вкупно приведени лица со ПМВ – 29
– по телеграма – 26 лица
– сообраќаен прекршок – три лица
Вкупно приведени лица со ТМВ – едно
– не поседување на соодветна документација за товар – едно лице
Останати активности:
– Предадени 10 лица поради нарушен ЈРМ
– Предадени 18 лица за сторен сообраќаен прекршок
– Предадени 232 странци со нерегулиран престој
– Четири останати случаи за предадени лица
– пронајдени и предадени два ПМВ и три други предмети кои потекнуваат од кривично дело
– предаден еден мотоцикл и едно ТМВ
Извршени 26 обезбедувања на лице место, две обезбедувања на протести и митинзи, 15 обезбедувања на лица, изготвени две оперативни информации, дадени осум асистенции при вршење претрес на дом и други простории и една асистенција дадена на други надлежни институции, дадена асистенција за транспорт на душевно болно лице и обезбедување на товарни возови во кои се пронајдени мигранти.