Одбележан празникот Свети Еразмо Охридски

Православните верници денес го одбележуваат празникот посветен на Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски.

Многу верници од Охрид и околните места денес палеа свеќи и се молеа за здравје и среќа. Оваа црква, посветена на антиохискиот архиепископ Еразмо, се наоѓа на околу три километри од Охрид, во карпите, десно од патот што води од Охрид кон Струга.

За многу години!

WebOhrid