Запленети девизи, Swarovski накит, облека и обувки, техничка стока и цигари

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, Swarovski накит, обувки, облека, мобилни телефони, автоделови и цигари.

Задржана е следната стока:

Девизи
– 3.200 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој со македонски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Деве Баир. Во панталоните на патникот се пронајдени 5.200 евра за кои не поседувл доказ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го внесе од државата.

– 3.000 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој со швајцарски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Кај патникот се пронајдени 5.000 евра, за кои не поседувал доказ за потекло. Согласно законските прописи атени 2.000 евра му се вратени, износ што резидент може слободно да го внесе од државата.

– 2.600 евра, откриени при личен претрес на грчки државјанин, кој управувајќи бугарски автомобил се пријавил за влез во државата на граничниот премин Богородица. Патникот пријавил дека со себе носи 8.000 евра, но при контрола на чантата со документи и личен претрес, пронајдени се 12.600 евра. Согласно законските прописи на патникот му се вратени 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата.

Облека, обувки и накит

– 18 парчиња SWAROVSKI накит, 19 пара сандали, 12 фустани и 4 мобилни телефони, откриени во два одвоени случаи на скопскот аеродром Александар Велики.

Во првиот случај, при контрола на патна торба на македонски државјанин кој допатувал со лет од Цирих, пронајдени се 18 парчиња SWAROVSKI накит(нараквици, обетки, гердани и прстени).

Во вториот случај, при контрола на патните торби на македонски државјанин кој допатувал со лет од Виена пронајдени се 19 пара сандали, 12 фустани и 4 мобилни телефони iPhone 4 и iPhone 5.

Техничка стока

– 6 мобилни телефони од марката iPhone 6 се откриени и при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Непријавените телефони се пронајдени под тапацирот, во багажниот простор на возилото.

– 75 употребувани мобилни телефони, 3 лап-топ компјутери и 2 фотоапарати се откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој допатувал со лет од Стокхолм.

Автоделовии сообраќајни дозволи

– 357 употребувани делови за патнички возила (предни трапови, амортизери, дискови и летви за волани), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на употребувани автоделови, пријавени за увозно царинење на царинската испостава Скопје 1 за фирма увозник од Скопје.

– 2 бугарски сообраќајни дозволи за патнички возила, откриени при контрола на бугарски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Делчево. На прашање на царинските службеници, патникот објаснил дека возилата ги продал во Италија, а сообраќајните дозволи ги однел во Бугарија за да ги одјави. Со ваквата постапка патникот ги пуштил возилата во слободен промет без претходно да ги стави во пропишана царинска постапка.

Цигари

– 14 штеки и 4 кутии цигари RODEO, CHESTERFIELD и WEST Silver со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на бугарско комбе, управувано од македонски државјанин, пријавено за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените цигари се пронајдени во патна торба сопственост на возачот на комбето.