Министерството за образование и наука информира дека во периодот од 8-10 јуни годинава, во рамките на aces проектот се одржа состанок на Меѓународниот Одбор за избор на најдобри училишни проекти.
аces е мрежа која ги поврзува 15 те земји партнери: Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Унгарија, Косово, Република Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Словенија.
aces е иницијатива на ERSTE Foundation и координирана од Interkulturelles Zentrum-Австрија и Vceli Dom-Словачка.
Од вкупно 263 предложени проекти, во силна конкуренција беа избрани 42 проекти.
Училиштата од Република Македонија учествуваа со 61 проект. Од нив се избрани проектите од следните училишта:
-ОУ„Гоце Делчев“ Могила
-ОУ„ Браќа Миладиновци“ Пробиштип
-ОУ„Кочо Рацин“ Могила
-ОУ „Кузман Јосифовски –Питу“ Кичево
-ОУ„Гоце Делчев“ Неготино
-ОУ„Благој Кирков“ Велес
-АСУЦ„Боро Петрушевски“ Скопје
-СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп
-СОУ„Браќа Миладиновци“ Скопје