Еден лекар отишол во посета на болен и му препишал некаков лек. Болниот го испил лекот и умрел. Не знаејќи дека умрел, следниот ден лекарот повторно отишол да го посети болниот. Од семејството на умрениот, штом го здогледале одма тргнале по него да го тепаат. Лекаров се исплашил и фатил да бега, а роднините по него. Стигнал до една река. Пошто знаел да плива, се фрлил во реката и ја препливал. Кога стигнал дома, го нашол син му, како учи во својата соба. Го прашал што учи, а синот му рекол дека сака да стане лекар, исто како него. Таткото му рекол, ако сакаш да станеш лекар, не замарај се со книги, туку научи да пливаш.