СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.П.(57) од село Ростуше – Гостивар, поранешен управител на ДОО Маврово Инжинеринг – Скопје и П.Г.(51) од Охрид – контролор во надзорниот одбор на ДОО Маврово Инжинеринг поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „оштетување и повластување на доверители“.
Првопријавениот во 2011 година иако знаел дека жиро сметката на друштвото е блокирана не поднел предлог за поведување на стечајна постапка туку свесно отуѓил дел од имотот, односно овозможил корист на парични средства и недвижен имот на дел од доверителите преку цесии и компензации, додека второпријавената намерно не извршила надзор на работењето на фирмата и го одобрила работењето на Љ.П. бидејќи и самата се јавува како доверител и на таков начин се ставила во повластена положба. На овој начин оштетени се останатите доверители на ДОО Маврово Инжинеринг – .Скопје, во износ од 8.901.855 денари, додека државата по основ на неплатени давачки е оштетена за износ од 100.475.879 денари.