Од Министерството за транспорт и врски информираат дека од утре ќе отпочне со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Измената во временските интервали е следната: петок од 17.00-22.00 часот, сабота 09.00-18.00 часот и недела 09.00-22.00 часот, и оваа забрана се однесува за период од 01.07 (јули) до 31.08 (август) секоја тековна година.
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот.
Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Предлогот за измена во термините е во насока на подобрување на комуникацијата и зголемување на безбедноста на сообраќајот.