Денеска Летонија му го предаде на Луксембург ротирачкото претседателство со Советот на Европската унија.
Оваа мала земја доаѓа на оваа функција во време кога Европа се соочува со многу важни прашања, како грчката должничка криза, заканата на Обединетото Кралство за напуштање на ЕУ, зголемувањето на илегалната миграција и подготовката за конференцијата за климатските промени, која ќе се одржи во декември во Париз.
Приоритетите во програмата за работа на Луксембург, во следните шест месеци, се базираат на седум столба:
- стимулирање на инвестиции за зголемување на растот и вработувањето;
- продлабочување на социјалната димензија на ЕУ;
- управување со миграцијата, со комбинирање на слобода, правда и безбедност;
- ревитализација на единствениот пазар, со фокус на дигиталната димензија;
- поставување на европската конкурентност во глобална и транспарентна рамка;
- промовирање на одржливиот развој;
- зајакнување на присуството на ЕУ на глобалната сцена.
После Луксембург, од стартот на 2016 година, претседавањето со Советот на ЕУ ќе го преземе Холандија.