Летните температури во неколку европски држави се необично високи. Во последните денови жешка воздушна маса од Африка се придвижи кон север поради што се зголемија температурите во Шпанија, во Португалија, во Велика Британија и во Франција.
Во Париз се очекува попладне температурата да се искачи на 39 степени Целзиусови откако во југозападна Франција беа измерени 42 степени, а во јужниот шпански град Кордоба – 44 степени.
Поради Во Париз се отворени специјални климатизирани простории и се проверува како возрасните жители ја поднесуваат горештината. Во 2003 година илјадници луѓе починаа поради топлотниот бран.
Британските и италијанските власти исто така се подготвуваат за топлотниот бран.
Извор: Нет Прес