Во текот на минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 14 решенија против 14 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 2, и 4, член 207 став 1 точка 1, 4, 8 и 15, и член 208 став 1 точки 3, 10 и 20 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 13 вработени изречена им е мерка – „парична казна”, и на еден вработен, мерка – “запирање на постапката“, а станува збор за:
Главен дежурен во ПС ОН Битола, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (пренел погрешна информација без да ја провери, при што биле пропуштени возила на патен правец за кој имало забрана);
Полицаец во ПС ОН Прилеп, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (бил под дејство на алкохол);
Дежурен полицаец во ПС ОН Делчево, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (гледал телевизија додека бил на работа);
Дежурен во ПС ОН Делчево, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (го напуштил работното место);
Помошник дежурен во ПС ОН Делчево, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (спиел додека бил на работа);
Полицаец во дежурна служба во ПС ОН Струмица, СВР Струмица, изречена и е мерка „запирање на постапката“(застареност);
Помошник дежурен во ПО-Ропотово, СВР-Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (не извршил увид во папката за судски наредби и пропуштил да ги даде судските наредби на полициските службеници, и го напуштил работното место без да го извести непосредниот старешина);
Раководител на смена во ПС за ОДГ-Крива Паланка, РЦ за ГР-Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Бил затекнат како спие во текот на работното време во канцеларија која ја заклучил);
Полицаец ПС од ОН Велес, СВР Велес, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (погрешно составил службена белешка за обавен разговор со лице кое било починато);
Полицаец ПС од ОН Радовиш, СВР Струмица, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (не презел дејствија за лишување лице од слобода);
Полицаец ПС од ОН Радовиш, СВР Струмица, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (не презел дејствија за лишување лице од слобода);
Полицаец ПС од ОН Радовиш, СВР Струмица, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (не презел дејствија за лишување лице од слобода);
Виш инспектор за општ криминалитет – Отсек за општ криминалитет, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (пушел за време на работа во канцеларија);
Полицаец ПС од ОН Битола, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (учествувал во тепачка во кафе бар).