Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,63%, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 29.06.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 29.06.2015 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 42,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,753 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 15.06.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 26,318 ден/кг.