Во тиражниот магазин на „Визер“ за месец јуни/јули 2015 година, кој се дистрибуира во сите авиони на „Визер“ кои летаа ширум светот, е објавена репортажа за Охрид. Ова следува после воведувањето на двете нови линии од Охрид кон Лондон и Базел, каде како обврска на авио превозникот е да го промовира и рекламира градот.
Репортажата за Охрид во магазинот на „Визер“ ќе имаат можност да ја видат околу 3 милиони читатели кои непосредно ќе се запознаат со туристичките потенцијали на Охрид.
Ваква репортажа за Охрид ќе биде објавена и во наредното издание на „Визер“ магазинот за август/септември 2015 година.