Зајакнати сообраќајни контроли

СВР Скопје изминатиот викенд спроведе зајакнати контроли на подрачјето на Град Скопје и од страна на сообраќајната полиција санкционирани се вкупно 475 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот. Кај 99 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, 48 лица управувале возило без положен возачки испит, потоа 52 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола.

Кај 11 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 29 возачи управувале возила со над дозволената брзина, изречени се 20 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 14 прекршоци за зборување на мобилен телефон, за недавање на првенство на минување на пешаци изречени се 5 прекршоци, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 9 прекршоци, за непрописно престигнување изречени се 3 прекршоци, кај 9 возила е утврдена техничка неисправност и со пајак возило подигнати се вкупно 64 возила.

СВР Скопје и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди и зачувување на безбедноста во сообраќајот.