Завршија градежните зафати за изградбата на потпорен sид за санација на свлечиште на дел од локалниот пат до манастирот Св.Неделa во с.Оровник -Дебрца. Изградбата беше изведена, со цел да се изврши стабилизација на теренот на кој е појавено лизгање на земјиштето и кое претставува опасност за понатамошно продолжување на лизгање и доведување во опасност од рушење на објектите кои се во непосредна близина.
Sидот е со висина од 4.5 м каде 0.5 е вкопан во земјата. За да се заштити потпорниот sид од активен притисок на вода извршенa е замена на дел од земиштето позади потпорниот sид со материјал кој брзо ќе ја пропушта водата до дренажната цевка која оди до одводниот канал за атмосферски води и се одстранува од нестабилниот терен.