Во рамките на Фестивалот „Охридско лето” вечерва во 20 часот, во куќата на Робевци ќе биде отворена јубилејната 60-та по ред самостојна изложба на реномираниот Македонски сликар Стефан Хаџи-Николов.
Хаџи-Николов кој за 6-ти пат самостојно се представува во Охрид ќе изложи 30 слики работени во техника масло на платно. Препознатлив по фигуративното сликарство на изложбата ќе бидат изложени 15 дела со фигуративна тематика како и 15 дела од циклусот „Пејзажи на душата”. Сликите се создавани во последните три години.
Изложбата ќе биде отворена до 5-ти август.