Во текот на изминатиот период, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 12 решенија против 12 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 2 и 3, член 207 став 1 точка 1,2, 8, и 15, и член 208 став 1 точки 1, 3, 10, 11 и 20 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на седум вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на еден вработен, мерка – „писмено предупредување“, на еден вработен, мерка – „распоредување“ и на тројца вработени, мерка – “отказ“, а станува збор за:
Полицаец за БПС во Одделение за БПС, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (при преземање мерки со потврда за одземање возачка дозвола одземал возачка дозвола, но направил превид и истата по грешка ја вратил на лицето);
Полицаец за БПС во Одделение за БПС,СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (при преземање мерки со потврда за одземање возачка дозвола одземал возачка дозвола, но направил превид и истата по грешка ја вратил на лицето);
Полицаец за БПС во ПС за БПС Петровец, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (спиел во службено возило);
Полицаец во ПС ОН Куманово, СВР Куманово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за четири месеци (употребил исправа со невистинита содржина);
Полицаец за БПС во Одделение за БПС, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (не дошол на работа и не го оправдал своето отсуство);
Полицаец во ПО Чашка, СВР Велес,изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за еден месец (спиел на работното место);
Главен инспектор за ЈРМ во Одделение за полиција, СВР Велес, изречена му е мерка „распоредување на работно место во едно ниво пониско од работното место на кое дотогаш работел работникот“ (ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што спречил спроведување на 9 барања за поведување на прекршочна постапка);
Самостоен инспектор – командир на возен парк во ЕБР, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за три месеци (не ја почитувал хиерархиската поставеност при донесување на одлуки и издавање на наредби);
Полицаец за БПС во ПС за БПС Демир Капија, Единица за безбедност на патниот сообраќај на автопат, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (изрекол глоба за сообраќаен прекршок и внел погрешна сума во платниот налог за истиот);
Полицаец за БПСвоПСза БПС Штип, СВР Штип, изречена му е мерка „отказ“(не дошол на работа и не го оправдал своето отсуство три последователни работни дена);
Раководител на сменаво ПС за ГП и ГН Пелинце, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „отказ“ (сторил кривично дело);
Полицаец во ПС за ГН Сопот, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „отказ“ (сторил кривично дело).