Големиот македонски празник Илинден, денес традиционално се одбележа во манастирот „Св.Илија“ на планината „Илинче“ во селото Мешеишта. Голем број на верници палеа свеќи и се помолија за здравје и среќа.
На присутните верници им се служеше ручек организиран од црквата, а прославата беше збогатена со музика до попладнените часови.
Ова беше прилика мешеиштани и годинава да се сретнат со жителите од околните села, но и со наши иселеници од овие простори и заеднички да го прослават овој голем празник.
За многу години!
WebOhrid