Стартуваше традиционалната 46 -та по ред Илинденска едриличарска регата во Охрид

Во организација на Едриличарскиот клуб „Бофор”, Агенцијата за млади и спорт и Едриличарската федерација на Македонија денес на Охридското Езеро стартуваше традиционалната 46-та по ред илинденска едриличарска регата.

Регатата ќе се вози на потегот Горица 1 – Канео, со старт во 10 часот. Станува збор за државно првенство каде силите ќе си ги одмерат екипите на Охрид, Струга и Скопје. Тие ќе се натпреваруваат во класите оптимист, ласер 4,7 и вин сурф, едрење на даска.

edrenje

Учесниците на тридневниот,46-ти по ред едриличарски куп ,се натпреваруваат во сите предвидени класи за овој спорт а најдобрите ќе се закитат со „Златна Маска”.

Илинденската едриличарска регата е една од најмасовните спортски манифестации во Македонија, организирана во чест на големиот македонски празник 2-ри Август, Илинден.

46_edrilicarska_ilindenska_regata_4