Свечено пристигнаа планинарите учесници на Илинденскиот планинарски марш „Илинден 2015” на Мечкин Камен

По повод 2-ри август,националниот празник Планинарската Федерација и Агенцијта за млади и спорт го органзираа традицонално Илинденскиот марш “Илинден 2015”, Скопје-Крушево-Охрид.Учествуваа од повеќе Планинасрки друштва од Македонија и странство.

Маршутата помина по трагите на Илинденците низ централна Македонија а на учесниците му беа овозможени сите услови за безпрекорно да го поминат маршот и напорниот пат.Тоа беше голема можност за одржување на кондицијата и јакнење на вољата,челичење на организмот,другарување и запознавање на убавините на Македонија.

Маршот или трансвезалата Скопје-Крушево-Охрид догла е околу 200км а се пешачи од 10 до 12часови .Право на учество имаа само искусни планинари,здрави и кондиционо подготвени,со задолжително лекарски преглед.Тоа значеше учество на сопствена одговорност,проверка на најмалку три акции (Титов врв,Бистра,Пелистер) .

Илиденскиот марш се реализира во периодот од 29 јули до 3 август.

Патот на планинарите поминуваше низ богати природни убавини, незаборавни планиски видици,реки,поточиња и културно-историски споменици од старата македонска архитектура.Исто така се и посетите на сите споменици од периодот на Илинденското Востание кои ги имаше во голем број на ова патешествие по патеките на славните илинденци.

На 1-ви август учествуваа во поворката со пратење на коњаницата и пешадијата, каде што со нив положија цвеќе на спомениците на Никола Карев, Питу Гули и Тоше Проески.

Денес на 2 Август се упатија кон Мечкин камен и положија свежо цвеќе на паднатите комити од Илинденското Востание.Илиденскиот марш го помина патот до Крушево преку село Крапа,село Дебреште до Крушево

Утре ќе продолжи преку село Доленци се до Охрид.Со посетатта на сите културно-историски споменци во Охрид ќе заврши одбележувањето на Илинден како најголем празник на македонскиот народ.

Ilindenski_Mars_5