Невремето во тетовско однесе четири животи

Вчера во текот на силното невреме, проследено со обилен дожд, електрични празнења и ветер, што од 18 до 19 часот го зафати поширокиот тетовски регион, четири лица го загубиле својот живот: Хашим Ф.(83) од Шипковица, А.М.(14) од Шипковица, две деца, едното на возраст од седум години од Тетово и другото дете на возраст од една и пол година од с. Шипковица. Безживотните тела на Х.Ф, А.М. и детето на возраст од една и пол година пронајдени се во Шипковица, додека безживотното тело на седумгодишното дете пронајдено е во Голема Речица.Покрај ова и уште едно девојче на возраст од околу 6 години од с. Шипковица како и Р.Ј.(61) од с.Лисец засега се водат како изчезнати. Во вчерашното невреме, исто така со тешки и телесни повреди се задобиле и 11 лица, најмногу од селата Шипковица, Селце, Џепчиште и Мала Речица. Дел од нив задржани се во тетовската клиничка болница за натамошна опсервација, а дел се пуштени на домашно лекување. Невремето, покрај другото, придонесе и да се излеат повеќе реки во подножјето на Шар Планина, а предизвика и значителни материјални штети. Оштетени се повеќе објекти и автомобили.