Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски утре доаѓа во работна посета на општина Дебрца.
Според најавите, Груевски ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот водовод во село Ботун, потоа ќе присуствува и на поставувањето на камен-темелник на колекторскиот систем во село Мешеишта.
Премиерот Груевски исто така ќе присуствува и на свеченот пушттање во употреба на реконструираното училиште и повеќенаменската балон сала во селото Требеништа.