Во периодот од 08,00 часот на 07.08.2015 до 10.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.568 странски државјани, од кои, 1.623 се од машки пол, 363 се од женски, 537 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 45 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-2.247, потоа Ирак-154, Палестина-47, Пакистан-37, Авганистан-25, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 10.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 30.865 странски државјани, од кои, 21.644 се од машки пол, 4.176 се од женски, 4.717 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 328 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-23.952, потоа Авганистан-1.989, Ирак-1.627, Пакистан-1005, Сомалија-541, Палестина-482, Конго-294, Камерун-134, Еритреја-131, Нигерија-109, Етиопија-108, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 10.08.2015 година до Одделението за азил се поднесени 41 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 31 барања се од државјани на Сирија за азил од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 09.08.2015 година се евидентирани вкупно 5 баратели на азил, сите мажи.
Од вкупниот број на баратели на азил кои се присутни во ЈУ Прифатниот центар, не се евидентирани баратели на азил со повреди, бремени барателки на азил и малолетни лица без придружба на старател
Во период од 03.08 до 09.08 .2015 извршена е дезинфекција на: 11.200 м2 вагони и површина на жел.станица Куманово/табановце од страна на ЦЈЗ куманово 10.400 м2 вагони од страна на ЦЈЗ Скопје 14.850 површина на жел.станица ,автобуска и простoр каде се стационирани мигранти како и на пол.возила во Гевгелија
-нема вакцинирани на влезна точка
-пружена е здравствена заштита на 12 мигранти во ЗД Гевгелија
-5 мигранти имаат добиено здравствена заштита во ОБ Гевгелија(нема хоспитализирано)
– 1 мигрант е амбулантски згрижен во ОБ.